Линкови за пристапност

Остин во Брисел на разговори за безбедносните предизвици во Авганистан


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека министрите за одбрана ќе дискутираат како да се спречи Авганистан да стане безбедно засолниште за терористи

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин е во Брисел на разговори со колегите во НАТО за безбедносните прашања во Авганистан, напнатоста со Русија и политиката околу технологијата.

„Тука сум да помогнам во армиското прилагодување на НАТО за да осигуриме дека Алијанската е подготвена за предизвиците во иднината“, напиша Остин на Твитер.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека министрите за одбрана ќе дискутираат како да се спречи Авганистан да стане безбедно засолниште за терористи, и да се обезбеди дека Авганистанците коишто беа евакуирани за време на масовните воздушни операции на НАТО од земјата, ќе може да се распоредат во земјите членки на НАТО, а не да останат во транзитните центри.

„Најважна задача на НАТО е да ги смести Авганистанците коишто работеле за нас“, изјави Столтенберг пред почетокот на министерскиот состанок. „Сојузниците и самиот НАТО успеаја да евакуираат повеќе од 120.000 луѓе, претежно Авганистанци. Заедно со сојузниците работиме како да евакуираме повеќе лица од таму“, рече генералниот секретар на Алијансата.

Остин допатува во Белгија од Романија, каде истакна дека администрацијата на претседателот Бајден е определена кон јакнење на евро-атлантските врски во време кога се грижи за безбедноста на источното крило на НАТО.

Романија е една од неколкуте земји на НАТО кои што трошат повеќе од 2% од бруто домашниот производ за одбраната, и над 20% за модернизирање на армијата – што се две клучни императиви во НАТО.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG