Повикот доаѓа во периодот меѓу двата круга од локалните избори, а го испорача Генералната секретарка на ОБСЕ – организација чија канцеларија за демократски институции и човекови права-ОДИХР со бројна мисија го набљудува севкупниот процес за овие локални избори.
Знам дека мисијата на ОДИХР е овде присутна, дека го надгледуваат процесот. Секогаш е важно да се имплементираат препораките кои се даваат пред и по изборите и очекувам Северна Македонија да ги спроведе сите препораки.Шмид, ОБСЕ
„Знам дека мисијата на ОДИХР е овде присутна, дека го надгледуваат процесот. Секогаш е важно да се имплементираат препораките кои се даваат пред и по изборите и очекувам Северна Македонија да ги спроведе сите препораки.“, изјави Хелга Шмид, генерална секретарка на ОБСЕ.
А тие препораки се однесуваат пред се на потребата на законски доработки. „Локалните избори во Северна Македонија на 17 октомври беа во натпреварувачки дух и основните слободи беа широко почитувани, но бројните недостатоци во законската рамка ја потенцираат потребата од сеопфатна реформа. Доцното спроведување на биометриската идентификација на гласачи создаде дополнителни предизвици при спроведувањето на изборите“, пишува во извештајот на ОДИХР што беше објавен ден по првиот круг од изборите. Втората порака на Шмид беше дека мора да продолжи борбата против корупцијата.
Борбата против корупцијата е прашање кое ги засега сите и затоа тоа е, приоритет за нас.Шмид, ОБСЕ
„Борбата против корупцијата е прашање кое ги засега сите и затоа тоа е, приоритет за нас. Нашата мисија соработува со Антикорупциската комисија за низа прашања поврзани со корупцијата, што е во согласност со нашиот пристап. Го поддржува МВР во професионализацијата и департизацијата на полицијата се со цел да им се пружат најдобрите можни услуги на граѓаните“, изјави Хелга Шмид, генерална секретарка на ОБСЕ.
Шмид е во посета на Скопје како дел од процесот на подготовка на македонското претседавање со ОБСЕ 2023.
„Информирав за нашите подготовки кои се во тек, формирана е работна група како поддршка на самото претседавање овде во Скопје, а внимателно ја градиме и сложената структура која ќе го поднесе товарот од претседавањето во Виена.“, оцени Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.
Од први јануари, Северна Македонија влегува во тројката на претседавачи на ОБСЕ, заедно со овогодишниот претседавач Шведска и претседавачот во 2022 година - Полска.
Facebook Forum