Ова се наодите на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за досегашниот изборен процес и првиот круг од изборите. Меѓународните набљудувачи забележува дека набрзина имплементираната новина – идентификација на избирачите со отпечаток од прст го усложнила изборниот ден.
Нашите набљудувачи позитивно го оценија процесот на гласање, но исто така беа забележани чести проблеми со новите уреди за биометриска идентификација – неможноста добро да ги скенираат отпечатоците од прстите на граѓаните. Повеќето избирачки одбори професионално се справија со проблемите.ОБСЕ
„Нашите набљудувачи позитивно го оценија процесот на гласање, но исто така беа забележани чести проблеми со новите уреди за биометриска идентификација – неможноста добро да ги скенираат отпечатоците од прстите на граѓаните. Повеќето избирачки одбори професионално се справија со проблемите. Нашите тимови забележаа проблеми со тајноста на гласањето, како и случаи на семејно гласање кое негативно влијае на учеството на жените. Пребројувањето на гласови беше позитивно оценето во повеќето избирачки места, но некаде беа утврдени неспроведување на протоколите, а во некои случаи имаше и мешања во пребројувањето од претставници на кандидатите. Нотиравме и изолирани случаи на заплашување.“, изјави Тана Де Зулуета, шефица на мисијата на ОБСЕ.
Набљудувачката мисија има и други забелешки кои се однесуваат како што се заклучува во првичните наоди, „бројни недостатоци во законската рамка“ кои ја потврдиле потребата од сеопфатни реформи.
Избирачката администрација ги почитуваше повеќето законски рокови, но нејзината способност да го исполни својот мандат беше отежната поради ограничен персонал и оперативен капацитетОБСЕ
„Водечките парламентарни партии уживаат системски предности, особено во распределбата на јавни ресурси за кампања, вклучувајќи ја и медиумската застапеност. Кандидатите можеа слободно да водат кампања, но негативно реториката, честопати насочена кон жените, го одвлече вниманието. Избирачката администрација ги почитуваше повеќето законски рокови, но нејзината способност да го исполни својот мандат беше отежната поради ограничен персонал и оперативен капацитет.“, изјави Тана Де Зулуета, шефица на мисијата на ОБСЕ.
За медиумското покривање на кампањата ОБСЕ/ОДИХР заклучува дека било неутрално, но дека двете најголеми партии во земјата доминирале во информативните изданија на националните телевизии. Меѓународните набљудувачи ќе останат во земјава и за наредниот, втор круг од локалните избори закажан за 31 октомври.
Facebook Forum