Линкови за пристапност

„Медена Земја“ - две номинации за Оскар


За најдобар документарец и за најдобар странски филм

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов доби две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм, објави официјалната страница на Оскарите - https://oscar.go.com/nominees


Ова е прв македонски филм во историјата на Македонија со две номинации за Оскар.

Меѓу петте номинирани за најдобар документарец покрај „Медена земја“ се и „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Доба на демократија“ и „За Сама“, а за најдобар странски филм номинирани се и „Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.

„Медена земја“ е филм за Атиџе Муратова, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа и која медот го собира по принципот пола за неа, пола за пчелите. Екипата го снимаше документарецот во текот на три години на локација во Македонија.

Од другите номинации, издвојуваме -

Во категоријата за најдобар филм, се номинирани „Ford v Ferrari“, „The Irishman“ „Jojo Rabbit„ „Joker“ „Little Women“ „Marriage Story“ „1917“ „Once upon a Time...in Hollywood“ „Parasite“.

Целата листа на номинации можете да ја видите на - https://oscar.go.com/nominees

„Џокер“ е фаворит - денеска доби 11 номинации, следат, воената драма „1917“ и „Беше еднаш во Холивуд“ со по десет.

„Пред дождот“ на Милчо Манчевски е единствениот македонски филм кој добил номинација за Оскар, во 1995 година.

92-то доделување на Оскарите е закажано на 9 февруари во театарот Долби во Холивуд, Лос Анџелес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG