Под слоганот „Оставка на Заев, слобода на народот“ денеска истовремено беа блокирани зградите на владата и на министертсвото за надворешни работи. Опозицијата тврди дека премиерот и неговите министри во процесот со Софија тргуваат со идентитетот на народот и државата.
Ниту еден патоказ, анекс, меморандум идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува ако и во најмал дел се однесува на македонскиот идентите, јазик.Мицкоски, ВМРО - ДМПНЕ
„Да опстоиме и да издржиме пред асимилацијата на македонскиот народ зашто така ќе поплукаме на нашите предци. Ниту еден патоказ, анекс, меморандум идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува ако и во најмал дел се однесува на македонскиот идентите, јазик.“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес оставка затоа што за пусти пари распродаваат работи што не се продаваат. За да им работат фирмите во Струмица, ама и фирмите во Бугарија. Преговараат за најсветото, за достоинството на македонскиот народ и темелите на македонската држава.“, оцени Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Она што го ветуваа животот за сите и европска Македонија, гледаме дека оваа држава стана само полошо место за живеење предводена од корумпирани политичари.“
Социјалдемократите уверуваат дека со Бугарија не се разговара за идентитетските прашања, изјави Антонио Милошоски, поранешен шеф на дипломатијата.
Правиме се за со зачуван идентитет, со зачуван македонски јазик да почнеме преговориМитрески, СДСМ
„Правиме се за со зачуван идентитет, со зачуван македонски јазик да почнеме преговори, се додека нема конечна одлука ние ќе се бориме во таа насока.“, истакна Јован Митрески од СДСМ.
Опозицијата за утре пак најави слични протести пред владата и МНР. За една седмица ќе се одржи состанокот на министрите на ЕУ до кој ќе се знае дали документите и пораките од Скопје го омекнаа ставот на Софија или не за прашањето за старт на пристапни преговори ЕУ - Северна Македонија.
Facebook Forum