Линкови за пристапност

Фармацевтските компании ќе платат отштета за кризата со опијати во САД


Во отштета е вклучен и Џонсон и Џонсон, како и трите најголеми дистрибутери на лекови во САД - AmerisourceBergen, Cardinal Health and McKesson.

Адвокатите инволвирани во мултимилионски отштета поврзана со кризата со опијати во САД велат дека договорот ќе биде објавен неделава меѓу фармацевтските компании и група државни и локални влади.

Во отштета е вклучен и Џонсон и Џонсон, како и трите најголеми дистрибутери на лекови во САД - AmerisourceBergen, Cardinal Health and McKesson.

Финансиските компоненти од отштетата се очекува да изнесува 26 милијарди долари, иако може да биде пониска затоа што некои локални власти може да покренат правни мерки против компаниите.

Државните и локални влади ги тужат фармацевтските компании дека заработиле големи профити на лекови со рецепта кои создаваат зависност, и ги оставиле општините сами да се справат со последиците врз жителите.

Центарот за контрола и превенција на болести објави дека 2020-та била рекордна година со смртни случаи меѓу 93.000 граѓани од предозираност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG