Линкови за пристапност

Кој губи, кој добива од Спогодбата за отворено небо?


Спогодбата која има цел јакнење на меѓусебната доверба, беше предмет на жесток критицизам од влијателни членови во Конгресот и други, кои сметаат дека САД треба да се повлечат зашто Русите не ја почитуваат и ја ставаат земјата во подредена позиција.

Жителите на Вашингтон почнаа од април 2017-ма да забележуваат авион на ниски височини кои вообичаено беа ограничени во воздушниот простор околу главниот град на САД, поради спомениците и владините згради.

Многумина беа изненадени дека леталото за кое станува збор е руски Туполјев ТУ-154 шпионски авион, со мисија која претходно била одобрена од американските власти.

Инцидентот го покрена прашањето за Спогодбата за отворено небо од 1992-ра, со која САД, Русија, и други 32 држави се согласија да дозволат беспилотни мисии во стриктно ограничени услови.

Идејата, кој првично била претставена во 1950-те, е дека секој е безбеден, ако секој знае што прават другите. Секоја година се изведуваат стотина вакви летови.

Американски авион од мисијата Отворено небо над Украина
Американски авион од мисијата Отворено небо над Украина

Спогодбата која има цел јакнење на меѓусебната доверба, беше предмет на жесток критицизам од влијателни членови во Конгресот и други, кои сметаат дека САД треба да се повлечат зашто Русите не ја почитуваат и ја ставаат земјата во подредена позиција.

Критичарите на Спогодбата, вклучувајќи го и сенаторот од Арканзас Том Котон, претседавач со армискиот конгресен поткомитет за воздушни летови, е фокусиран на руските рестрикции за летови над одредени чувствителни области, вклучувајќи го Калининград и некои проблематични зони во Грузија.

Тие исто така обвинуваат дека Москва користи летови за да идентификува и истражува витална американска инфраструктура. Едно беспилотно летало направило прелет и врз голф-игралиштата во Бедминстер, Њу Џерси, додека престојувал претседателот.

Поддржувачите на Спогодбата, пак, инсистираат дека има поголема корист отколку ризици од неа, а таков бил случајот со приведување на 24 украински морнари од страна на руската морнарица во ноември 2018-ма.

„Спогодбата за отворено небо и овозможи на Украина да има увид што прави Русија зад нејзините погранични линии, да се увери каде Москва го позиционира армискиот капацитет, и што треба да се очекува во иднина“, изјави Иан Кинг од Центарот за стратешки и меѓународни студии.

САД веќе презедоа реципрочни мерки против некои кршења на Спогодбата од страна на Русија. На пример, откако Русија ги ограничи летовите над Калининград и делови од Грузија, САД ги блокираа летовите над Форт Грили во Алјаска и одредени делови од Хаваите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG