Линкови за пристапност

Пет договори меѓу Северна Македонија, Србија, и Албанија произлегоа од „Отворен Балкан“ во Тирана


Заев во Тирана на Отворен Балкан
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Заев во Тирана на Отворен Балкан

Денешниот собир беше последниот „Отворен Балкан“ за Заев како премиер кој во Тирана дојде со неговиот наследник Димитар Ковачевски.

Станува збор за спогодби со кои се регулира пазарот на трудот, соработката во областа на ветеринарството и безбедноста на храната, како и интерконекција за шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан. Средбата во Тирана се случува во чувствителен период за регионот кој мината седмица доби ново „не“ од Брисел - Скопје и Тирана, пак, поради блокада од Софија, повторно не добија датум за почеток на преговори за членство.

Кога ЕУ потфрла ние имаме обврска постојано да преземаме иницијативи за европеизиран регион. Европеизацијата и европските стандарди нема зошто да чекаат.
Заев, премиер на Северна Македонија


„Кога ЕУ потфрла ние имаме обврска постојано да преземаме иницијативи за европеизиран регион. Европеизацијата и европските стандарди нема зошто да чекаат. Правиме крупни чекори за европеизација на нашиот регион“, изјави Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.

Ние сме многу посветени на процесот на `Отворен Балкан` и ќе направиме се што можеме и знаеме за секогаш да бидеме на страната на Македонија и Албанија кога зборуваме за почеток на евроинтеграции на овие две земји.
Вучиќ, претседател на Србија


„Ние сме многу посветени на процесот на `Отворен Балкан` и ќе направиме се што можеме и знаеме за секогаш да бидеме на страната на Македонија и Албанија кога зборуваме за почеток на евроинтеграции на овие две земји. Не е грешка на лидерствата на двете земји за ова што се случува, туку станува збор за некои лица од Унијата. На вашите граѓани треба да им се каже дека вие исполнивте се што од вас се бараше, а не го добивте тоа што ви беше ветено“, истакна Александар Вучиќ, претседател на Србија.

На состанокот беше повторен повикот до Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово да се приклучат на иницијативата која засега ја има поддршката само на 3 земји од регионот. И Заев и Рама и Вучиќ, беа јасни дека „Отворен Балкан“ не е ниту алтернатива за членство во Унијата, ниту возобновување на Југославија.

“Сакам да потенцираме дека „Отворен Балкан“ не е замена за членство во ЕУ, туку засилувач на европската идеја на Балканот. „Отворен Балкан“ е Европа и ништо помалку од тоа.“, изјави премиерот Заев.

Целта е регионот на Западен Балкан да нема граници, секој да се движи слободно, слободно да се разменуваат стоки, добра, капитал.
Рама, премиер на Албанија


„Целта е регионот на Западен Балкан да нема граници, секој да се движи слободно, слободно да се разменуваат стоки, добра, капитал. Секој кој што сака да може своите услуги да ги нуди-движи низ државите од регионот. Тоа е резиме на нашата работа во изминатите денови.“, оцени премиерот на Албанија Еди Рама.

Денешниот собир беше последниот „Отворен Балкан“ за Заев како премиер кој во Тирана дојде со неговиот наследник Димитар Ковачевски.

Најавено е утре Заев да даде оставката на премиерската функција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG