Линкови за пристапност

Само во Америка: Живот на тобоган, или повеќе од тоа


Само во Америка: Живот на тобоган, или повеќе од тоа
Само во Америка: Живот на тобоган, или повеќе од тоа

Љубителите на тобоганите уживаат во сезоната на бестелесно „висење“ во воздухот.

Ова е време на тобоганите во Америка, време за смеа, тематски забавни паркови и време кога чкрипењето при искачувањето за помалку од секунда се претвора во чист терор на спуштањето.

Но, има тобогани и – тобогани. Поновите одат од брзина нула до 100 километри на час за четири секунди.

Севкупното возење трае најмногу две минути, вклучувајќи обрачи, кривини и странични понирања што се се нарекуваат „двојни хеликси“ - вртења од 360 степени, за што и самата помисла звучи страшно.

Наспроти нив, некои дрвени тобогани изгледаат скромно.

Но „чудовишта“ како „Синот на Ѕверот“ на Островот на кралот во Охајо се посебна приказна. Овој се искачува 66 метри, и оттаму почнува стравична одисеја во должина од 2100 метри што предизвикува тресење на вилицата. Ако ова е синот на ѕверот, тогаш замислете како би изгледал неговиот татко...

Неколку илјади луѓе желни за зголемено лачење на адреналинот, се членови на Клуб на американските ентузијасти за возење со тобоган. Една од најатрактивните привилегии е што при секое возење во секој забавен парк во земјата, секогаш имат предност во долгата редица пред возбудливите тобогани.

Овие луѓе ќе се возат на челичните змејови седум до осум пати во денот. Колку повеќе се „вртат“ во воздух со огромна брзина, толку подобро.

Многу вљубениците на тобоганите велат дека најдобро е чувството на „висење“ во воздухот.

Еве како еден од овие зависници на овој начин индуцираниот адреналин го опиша чувството: Се искачуваш на врв, и оддеднаш со огромна брзина иташ кон земјата, телото се покренува од седиштето и во стомакот имаш вибрации како да си во состојба на слободен пад во вселената.“

Зарем не би пробале?

XS
SM
MD
LG