Уште многу одамна, луѓето започнале да собираат најразлични предмети, од чиста забава. Пеперутки, копчиња, пивски шишиња, топки жица ...
Чадори, кутивчиња од кибрит, модели на мали авиони. Што и да помислите, некои можеби го собира. Не дека ова е одлика само на Америка, милиони имаат афинитет кон овој тренд.
Но во Њујорк, постои човек кој фанатично се занимава со овој феномен и себеси се нарекува „Инспектор – колекционер.“ На интернет-страницата токму под ова име, тој објавува фотографии и раскажува приказни за многуте предмети што ги поседува.
Менија од кинески ресторани, на пример. Гумени ластичиња, моливи, ножици и капачиња од шишиња. Тоа не е се`. Тој собира лажици, спајалици, мапи, цевки, кеси, разгледници, палки за хокеј, жетони, коцки за јамб, беџови, делови од авионски карти, ножиња за лупење овошје и чепкалки.
Дури постојат и организации, како Општество за поседување на чепкалки, кое брои 700 членови.
Карактеристично е што ваквите клубови остануваат во контакт, дури се запознаени со здравствената состојба на членовите, што е многу важно, зашто ако некој од нив почине, мора да има начин колекцијата од минијатурни автобуси или правосмукалки да се префрли во други, сигурни раце – за традицијата да продолжи.