Линкови за пристапност

Интернет-коцкањето фаќа корен во САД


Предводат сојузните држави Невада, Делавер и Њу Џерси

Коцкањето на Интернет полека фаќа корен во САД, но феноменот е нов, така што се` уште не се знаат финансиските и социјални последици.

Сојузната држава Невада, каде се наоѓа коцкарската мека Лас Вегас, на почетокот од годината дозволи Интернет-покер. Две држави од источното крајбрежје, пак, Делавер и Њу Џерси, дозволија и други игри на среќа преку Интернет, како блекџек, рулет и апарати за коцкање.

Со помош на геоспатијалната технологија, Интернет-коцкањето е ограничено така што може да учествуваат само лица кои се физички присутни во гореспоменатите три сојузни држави. Гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи проценува дека ваквиот вид на коцкање може да донесе даночен приход од 180 милиони долари на неговата сојузна држава, додека Невада и Делавер се очекува да инкасираат по нешто помалку од 4 милиони долари годишно.

За разлика од некои други држави, во САД не постои лотарија на национално ниво, иако лотариите кои опфаќаат неколку сојузни држави честопати привлекуваат бројни играчи кога џекпот-наградата достигнува неколку стотини милиони долари.

Само во две од вкупно 50 американски држави коцкањето воопшто не е дозволено, додека голем број од нов имаат лотарии и казина.
XS
SM
MD
LG