Линкови за пристапност

Манифестација на партнерство и солидарност во време на КОВИД-19


САД ќе помогнат во сите иницијативи кои имаат цел зближување на Западен Балкан

На он-лајн видео конферанција, како ко-организатори Економскиот форум Делфи и Атлантскиот совет од Вашингтон, тематски насловена како „Дипломатија во кризни времиња и други алатки за влијание во Југоисточна Европа во доба на КОВИД-19“, акцентот беше ставен на кризата со Ковид-19, кое е трансгранично прашање и приоритет за секоја влада на планетата.

На конференцијата учествуваа американскиот заменик - помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, советникот за национална безбедност на грчкиот премиер Александрос Диаколупос и Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот совет.

„САД активно работат заедно со земјите од Западен Балкан, како и со партнерите во Европа за да помогнеме во глобалниот одговор на актуелната глобална закана, истакна американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер на он-лајн видео конференција.

Соговорниците се осврнаа како се справува регионот во време на коронавирус. Беа покренати прашања, на пример - дали глобалната пандемија ќе го промени досегашниот начин на живот? Дали солидарноста е клучот за надминување на предизвиците?

Метју Палмер, специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан се осврна за хуманитарната помош:

„САД се најголем поединечен контрибутор во меѓународните институции, вклучувајќи го системот на ОН, како и во Светска банка, ММФ, ЕБОР кои сега преземаат мерки за помош и поддршка на економиите во кризата од пандемијата“.
Метју Палмер за лидерството на САД


„САД веднаш издвоија значителни средства за помош низ целиот свет. Дел од средствата се директна помош за земјите од Западен Балкан, а дел одат преку меѓународните институции за борба со пандемијата. САД се најголем поединечен контрибутор во меѓународните институции, вклучувајќи го системот на ОН, како и во Светска банка, ММФ, ЕБОР кои сега преземаат мерки за помош и поддршка на економиите во кризата од пандемијата“, изјави вишиот американски дипломат.

Според него, поддршка стигнува и од американските граѓани и компании како Кока Кола, Микрософт, ИБМ, рече Палмер, посочувајќи оти Гугл помогнал за креирање на информативен сајт за Ковид-19 во Северна Македонија.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров се осврна на состојбата во земјата, и што преземаат македонските власти за справување со КОВИД-19. Рече дека Северна Македонија ги почитува препораките од СЗО и презема нови мерки и истакна дека потребна е поголема солидарност во светот, најави поблиска соработка со соседите. Според Димитров, европската солидарност е видлива, 160 милиони евра веќе се одделени од ЕУ за последиците од коронавирусот за Северна Македонија. Според него, Брисел веќе има помогнато со медицински маски, и друга опрема за болниците во Северна Македонија.

МНР успешно реализирало враќање на државјани во своите матични држави – околу 700 државјани на САД, и но и од Европа се испратени дома, а 3000 македонски државјани се вратени назад во татковината
Никола Димитров за активностите за време на кризата со пандемијата и затворањето на националните граници


Димитров рече дека МНР успешно реализирало враќање на државјани во своите матични држави – околу 700 државјани на САД, и но и од Европа се испратени дома, а 3000 македонски државјани се вратени назад во татковината, нагласи министерот за надворешни работи.

Советникот за национална безбедност во Кабинетот на грчкиот премиер Александрос Диакопулос, изјави дека Балканот засега добро се справува со ситуација со КОВИД-19. Потреба е поголема соработка, особено меѓу научниците, истакна Диаколупос.

„Соработка, а не конфронтации. Тоа е клучот на регионот, под лидерството на САД“
Диакопулос, советник за национална безбедност во Кабинетот на премиерот на Грција


„САД треба да ја предводат таа соработка, да не го напуштаат регионот, Европа и трансатлантските вредности со цел успешно да се справиме со проблемите кои ни претстојат зашто ќе се соочиме со многу тешки економски времиња во блиска иднина. Земјите сами не можат да се справат и тоа треба секому да му биде јасно“, рече Диакопулос.

И Дејмон Вилсон, потпретседателот на Атлантскиот совет, освен здравствениот и економски аспект, ги потенцираше добрите вести од регионот.

„ЕУ даде зелено светло за преговори со Северна Македонија и со Албанија, Македонија е нова 30-та членка на НАТО, и тоа се случи во време на кризата со коронавирусот. Добра вест од регионот и поттик за сите“
Дејмон Вилсон за позитивните вести од Балканот


„Клучот е отворени пазари, отворена комуникација, во време на ширење на дезинформациите. Да потсетам, ЕУ даде зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија, Македонија е нова 30-та членка на НАТО, и тоа се случи во време на кризата со коронавирусот. Добра вест од регионот и поттик за сите“, изјави Вилсон.

„Има голем јаз во реалноста и перцепцијата особено во помошта што ја добива регионот од ЕУ и САД, рече Вилсон и додаде дека Балканот и натаму се движи кон ЕУ и НАТО.

Тој ја истакна и помошта од НАТО кон членките на Алијансата, но и кон најновата членка, Северна Македонија доби помош од НАТО.

Како регионот да излезе посилен од кризата?

Соговорниците едногласни – преку поголемо трансатлантско сојузништво.

Затоа што, како што резимираше Вилсон: „Успехот на соседот е важен и за вашиот успех“ – мото не само во време на коронавирус.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG