Линкови за пристапност

Бројката на заразени од сојот Омикрон ги зголеми цените ширум Европа пред празниците


И натаму има многу непознати детали за Омикрон, но официјални лица велат дека е далеку позаразен сој од Детла.

Растечкиот број на новозаразени ширум Британија од новата варијација Омикрон се одразува врз Европа, со најава за нови рестрикции ширум Стариот континент, спроти божиќните и новогодишни празници, објави Асошиејтед прес.

И натаму има многу непознати детали за Омикрон, но официјални лица велат дека е далеку позаразен сој од Детла.


АП пренесува дека Велика Британија регистрира рекорден број на потврдени случаи со коронавирус од почетокот на пандемијата. Франција најави зајакнување на мерките за патување на лицата кои доаѓаат од Британија.

Пабовите и рестораните во многу делови од Британија ги откажуваат Божиќните забави.

Во САД, Белата куќа инсистира дека нема потреба од воведување рестриктивни мерки и покрај знаците дека омикрон почнува забрзано да се шири.

На глобално ниво, повеќе од 75 држави во светот јавија за потврдени случаи на омикрон.

ЕУ предупреди дека овој сој од Ковид ќе биде доминантен меѓу 27-те членки до средината на јануари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG