Линкови за пристапност

Северна Македонија ќе ja чека одлуката на ЕУ, па ќе одлучи дали дипломатски ќе ги бојкотира ЗОИ во Кина


„Станува збор за политички бојкот и тоа не е одлука на Олимпискиот комитет, туку на политичарите. Од спортска гледна точка, таквите функции кои се предмет на овој бојкот, не се толку значајни за нас“, велат од МОК.

Македонските власти сѐ уште немаат донесено конечна одлука дали дипломатски ќе ги бојкотираат претстојните Зимски олимписки игри, кои ќе се одржат во главниот град на Кина, Пекинг од 4 до 22 февруари, 2022 година.

Од Министерството за надворешни работи за Глас на Америка велат дека ќе ја почекаат одлуката на ЕУ, по однос на ова прашање.

„Ќе чекаме прво одлука на Европската Унија, па ќе се произнесеме“, изјавија од Министерството за надворешни работи.

Од Македонскиот Олимписки Комитет за Гласот на Америка велат дека за нив најважно е учеството на спортистите на овој спортски настан.

Станува збор за политички бојкот и тоа не е одлука на Олимпискиот комитет, туку на политичарите.
MOK


„Станува збор за политички бојкот и тоа не е одлука на Олимпискиот комитет, туку на политичарите. Од спортска гледна точка, таквите функции кои се предмет на овој бојкот, не се толку значајни за нас“, велат од МОК.

Додаваат дека голема спортска неправда е да не испратиш спортист да учествува на најголемата спортска манифестација во светот.

Тежината на оваа Олимпијада се гледа по квалитетот на спортистите. Голема спортска неправда е да не испратиш спортист да учествува на најголемата спортска манифестација која е сон на секој спортист.
MOK


„Тежината на оваа Олимпијада се гледа по квалитетот на спортистите. Голема спортска неправда е да не испратиш спортист да учествува на најголемата спортска манифестација која е сон на секој спортист. Ние сметаме дека бојкотот за нас нема важна функција штом не станува збор за спортистите бидејќи тие ни се најважни на секоја Олимпијада“, додаваат од МОК.

Инаку, САД први најавија дека администрацијата на претседателот Бајден нема да испрати свои дипломатски или официјални претставници на Зимските олимписки игри и на Параолимписките игри во Пекинг оваа година поради кршењето на човековите права во Кина, вклучително и врз муслиманското малцинство во западната кинеска провинција Ксинџијан.

На одлуката на САД веќе се приклучија: Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, како и Јапонија. Низ историјата на Олимписките игри, бојкотот не е непозната работа. Неколкупати досега од разни причини, одредени земји ги бојкотирале игрите. Според кинеските власти, државите ќе платат цена за ваквите нивни, како што ги нарекоа, погрешни потези и дека користењето на Олимпијадата за политичка манипулација е непопуларно.

Единствено, рускиот претседател, Владимир Путин, од лидерите на поголемите држави, ја прифатил поканата да биде присутен на отворањето на ЗОИ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG