Американскиот претседател Барак Обама продолжува со турнејата по Мексиканскиот Залив, пред телевизиското обраќање во живо до нацијата посветено на владините планови за справување со нафтеното излевање. Ова ќе биде прво обраќање на Обама од Овалната канцеларија до нацијата.
Претседателот во Флорида ги обиколи плажите каде почнаа да се јавуваат знаци на нафтата што веќе 57-ми ден по несреќата на платформа за подводно дупчење на Бритиш петролеум (БП) продолжува да се излева од морското дно.
Во меѓувреме, извршните лица на БП, Шел, Ексон мобил и Шеврон се на тридневен распит во Конгресот за несреќата и за безбедноста на подводното дупчење. Двајца конгресмени велат дека имаат „сериозни прашања“ за Бритиш петролеум во врска со документите што индицираат дека компанијата ризикувала во дупчењето, само за да ги намали трошоците.