Линкови за пристапност

Со регионална соработка против криминалот


Со регионална соработка против криминалот
Со регионална соработка против криминалот

Македонија и Црна Гора потпишаа договор за екстрадиција, на вториот ден на Министерскиот форум со ЕУ

Криминалците повеќе нема да можат да бидат заштитени во своите држави ниту пак ќе ги штити националното законодавство, предвидува договорот за екстрадиција што денеска го потпишаа министрите за правда на Македонија и Црна Гора, Блерим Беџети и Душан Марковиќ.

Регионалната соработка е еден од најдобрите инструменти за заштита од последиците на криминалот - оценија двајцата министри.

„Со тоа покажавме исправност и одлучност за унапредување на резултатите во борбата против организираниот криминал и корупцијата кои за нас се најголем предизвик не само за нашите држави и регионот туку и за светот во целина“, истакна црногорскиот министер Марковиќ.

Според него двете држави по ова прашање иако немаат отворени прашања и директни барања ќе ја зголемат ефикасноста во иднина.

За Беџети овој договор е значаен за граѓаните, но и за целиот регион кога станува збор за борбата против криминалот, а ќе се овозможела и ефикасна соработка. Двете пријателски држави, рече Беџети, имаа волја за продлабочување на соработката и во другите сфери.

Министрите за правда од земјите на Западен Балкан денеска во Охрид на вториот ден од Министерскиот форум на маса разменија искуства со претставниците на ЕУ. Македонскиот министер Блерим Беџети темите за независноста на судството и обвинителството ги оцени како чувствителни, но рече дека Македонија има постигнато значителен напредок.

Беџети сепак смета дека искуствата од понапредните земји ќе помогнат во имплементацијата на законите:

„Ќе имаме голема концентрација во сферата на имплементирањето на законите имајќи предвид дека Република Македонија веќе има донесено доста клучни закони и сега е битен периодот на нивна имплементација. Потребни ни се нивните искуства имајќи предвид дека овие законски решенија се компатабилни со законодавството во ЕУ“, рече Беџети.

XS
SM
MD
LG