Линкови за пристапност

Нивото на Охридското езеро подолг временски период, алармантно


Нивото на Охридското езеро подолг временски период, алармантно
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Охридското езеро со ниско ниво

Екологистите сметаат дека сето ова е резултат меѓу другото и на климатските промени, слабите врнежи од дожд и снег, но и на искористувањето на водата од езерото за производство на електрична енергија.

Последните неколку денови, тоа е за еден сантиметар под природно утврдената кота од 693,10 метри надморска височина и дури 8 сантиметри под дозволената кота утврдена со Билатералниот договор со Република Албанија, која изнесува, 693,17. Тоа е најзабележително на самиот брег, особено покрај градскиот кеј во Охрид, каде се формирани и мали островчиња. Екологистите сметаат дека сето ова е резултат меѓу другото и на климатските промени, слабите врнежи од дожд и снег, но и на искористувањето на водата од езерото за производство на електрична енергија.

Ѓоко Зороски од Друштво на екологисти на Македонија, вели дека ваквата ситуација се одразува негативно врз растителниот и животинскиот свет во езерото. Слична е состојбата и со многу други езера. Таква е сликата и со вештачкото Дебарско езеро. Таму цели делови од езерото се на суво, а онаму каде има вода, локалните жители велат дека таа е повлечена и до сто метри од брегот. Се очекува сезонските врнежи да ја подобрат хидролошката состојба во природните езера и вештачките акумулации низ државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG