Линкови за пристапност

Зошто автомобилски гиганти не отвораат фабрика во Северна Македонија?


Зошто автомобилски гиганти не отвораат фабрика во Северна Македонија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Зошто автомобилски гиганти не отвораат фабрика во Северна Македонија?

Главна причина – недостиг на стручен кадар

Проблемот со недостатокот на стручен и квалификуван кадар, пред се инженери е причината зошто засега не постојат можности некој голем автомобилски гигант во блиска иднина да отвори фабрика за производство на автомобили во Северна Македонија. Сепак, во земјава функционираат голем број фабрики кои произведуваат делови за автомобили.

Недостатокот на стручен кадар причина зошто автомобилските гиганти не отвараат фабрика за производство на автомобили во земјава.

Северна Македонија е дел од мапата на автомобилската индустрија бидејки во земјава, само во индустриските зони работат 18 фабрики за производство на автомобилски делови.

Автомобилската индустрија има потенцијал да се развива во Северна Македонија многу повеќе. Многи странски компании кои произведуваат автомобилски делови, за најпознатите светски гиганти во овој сектор, дел од своите производствени капацитети ги проширија со отварање на фабрики во земјава. Според официјалните податоци само во Технолошко - индустриски развојните зони од вкупно 28 компании, 18 се од автомобилскиот сектор. Дури седум од нив, се американски.

„Македонија е веќе на мапата на автомобилската индустрија. Овде веќе имаме многу добри германски и американски брендови, кои сите овде го наметнаа своето знаење и организација и кои сите овде произведуваат делови со врвен квалитет како било каде во светот. Според мене првиот и најважен чекор е апсолвиран. Прашањето е како понатаму, во кој правец и со која брзина“. Огнен Цубалески, менаџер на ОДВ Електрик-Охрид.

А, понатаму вели Цубалески, мора да се размислува за промена на квалитетот на образованието, кој ќе создава повеќе стручен и квалификуван кадар, пред се инжинери, кои би одговориле на зголемените потреби на компаниите. Поради тоа ќе бидат потребни уште неколку години за да некоја од компаниите одлучи да отвори фабрика за производство на автомобили во земјава.

„Јас не гледам дека Македонија може да привлече некое големо име тука како Фолцфаген.Но тоа не значи дека за пет или десет години неможат да се створат услови за тоа. На еден фолцфаген, му треба многу поголемо ниво на инжинерско знаење отколку на фирма како Одв електрик.Тоа е можно, доколку навистина сакаме и работиме кон тоа. Во моментот Македонија ниту има технички, ниту има човечки потенцијал“, вели Огнен Цубалески - менаџер на ОДВ Електрик-Охрид.

„Компанија која произведува возила, најчесто на една локација има помеѓу 3000 и 5000 луѓе, кои ќе работат директно само во производството на возила и крајното склопување. Но, покрај нив, треба да има околу два до трипати повеќе луѓе, кои ќе работат во компании кои директно ќе се нивни добавувачи и кои мора да се колоцирани на таа локација. Најмала земја каде има автомобилска индустрија за краен производ е Словачка. Словачка има околу 5 милиони луѓе, но Словачка порано го започна тој процес, а традиција имаат и од времето на Чехословачка“, вели Виктор Мизо, менаџер на фабриката за автомобилски делови Костал - Охрид.

Мизо, вели дека постојано имаат отворени огласи за вработувања на инженери и друг стручен кадар, а во наредните две години треба да вработат повеќе од педесет. Oд Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони велат дека досега имало интерес од странски компании за отварање на фабрика за производство на автомобили, но оти се уште истата била во фаза на еваулација и испитување на теренот. Инаку, околу 30.000 луѓе во земјава работат во автомобилската индустрија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG