По премиерата во Торонто, Огнен Георгиевски, сценарист на „Втора шанса“, за Гласот на Америка, се осврна на наративот од калеидоскопското набљудување на уникатното искуство на мајчинството.
Што е Втора шанса?
„Кога иницијалното сценарио во кое се прекрстуваат приказни за три мажи и се преработи во сценарио во кое трите лика станаа три мајки, драмата стана посилна, контрастите станаа појасни, и приказната стана посилна“, вели Георгиевски.
Неговиот потпис, стои и зад ТВ – „Фамилијата Марковски“, која беше вистински хит во Македонија.
Глас на Америка: Колку си задоволен, како „Фамилијата Марковски“ беше прифатена во Македонија, со оглед дека станува збор за реални случувања, каде луѓето го живеат тоа секојдневие?
Огнен: „Драго ми беше што има уште луѓе кои што се заинтересирани за прашањето за граѓанска мисла, која е спротивна на некаква би-поларизација во кое има само две алтернативи. Драго ми е што луѓе го препознаваат тоа што им се случува секој ден“.
Му недостига Скопје, иако со години, живее и работи во Торонто.
„Град ќе преселиш зграда по зграда, но бунар не се сели“, вели Георгиевски.
Освен активно, во неговата професија, Огнен е дел и од музичкиот проект „Вода“ на Давор Јордановски. Свири бас, и ужива.
„Проектот почна да генерира интерес меѓу македонската публика, и екс-југословенска, но многу брзо се рашири и врз луѓе кои немаат врска со Балканот“, додава сценаристот.
Во моментов, работи на два играни филма.
Facebook Forum