Линкови за пристапност

Кој ќе присуствува на Годишното обраќање на претседателот како официјален гостин?


И претседателот и законодавците покануваат гости за годишното обраќање за состојбата со нацијата со цел да направат поента за прашање за кое се залагаат

Претседателот Трамп

Претседателот го покани Јуда Самет, кој го преживеал Холокаустот и масовното пукање во Синагогата „Дрво на животот“, во Питсбург во октомври 2018-та кога беа убиени 11 луѓе. Со него е поканет и Тимоти Матсон, од специјалните сили на полицијата, која веднаш одговори на нападот. Трамп покани и неколку други гости, како членови од семејството на Џералд и Шерон Дејвид, пар од Невада, кој што беше застрелан во нивниот дом од илегален имигрант. Меѓу гостите ќе биде и Метју Чарлс, кој беше осуден во 1996-та на 35 години затвор за продажба на кокаин, но беше ослободен како дел од затворските реформи на претседателот.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси

Пелоси ја покани Елизабет Гузман, делегатка од Вирџинија, која треба да го пренесе шпанскиот одговор на годишното обраќање на претседателот. Таа ја покани и Мелоди Клигенфус, која била илегално донесена во САД како дете, и спаѓа во категоријата „Сонувачи“.

Сенаторот Рик Скот

Гостин на Републиканецот Скот е Ендрју Полак, чија ќерка е меѓу 17-те убиени во масовно пукање во Паркланд, Флорида. Скот беше гувернер на Флорида кога се случи масакрот и го назначи Полак за член во образовниот борд на Флорида.

Конгресменката Александриа Окасио-Кортез

Демократката Окасио-Кортез ја покани Ана Марија Арчила, жената која што жестоко го соочи поранешниот сенатор Џеф Флејк во лифт во Конгресот, што беше во живо пренесувано преку телевизиите, за време на протестите против номинацијата за судијата на Врховниот суд Брет Кавана.

Конгресменот Џеф Фортенбери

Републиканецот Фортенбери од Небраска ја покани Надиа Мурад, од ирачкото малцинство Јазиди, и активистка за човекови права, која побегна од заложништво на Исламската држава и ја освои Нобеловата награда за мир.

Конгресменот Џими Гомез

Демократот Гомез од Калифорнија ја покани Сандра Диаз, поранешна недокументирана имигрантка која работела како чистачка во Националниот клуб за голф во сопственост на претседателот Трамп од 2010-та до 2013-та. Диаз е од Костарика и стекнала легален статус во САД. И конгресменката Бони Ватсон Колман од Њу Џерси ја покани Викторија Моралес, уште една недокументирана имигрантка која претходно работела на истиот имот на Трамп.

Сенаторот Ром Тилис

Републиканецот Тилис од Северна Каролина ќе присуствува на годишното обраќање со евангелистичкиот пастор Ендју Брунсон, кој беше ослободен од затвор во Турција минатата година. Приведување на Брунсон, под обвинение за шпионажа во 2016-та, ги залагади односите меѓу САД и Турција.

Конгресменот Крис Папас

Демократот Папас од Њу Хемшир, е еден од најмалку четворица членови на Конгресот, кој покани, поранешен ветеран – од трансродовата заедница. Папас е хомосексуалец и го покани Тавоин Дигард, кој служел во американската морнарица од 1998-ма до 2002-ра,

Претседателот Трамп забрани повеќето од јавно декларираните припадници на транс-родовата заедница да служат во армијата, и Врховниот суд одлучи дека владата може да ја спроведува политиката додека случаите чекаат судска разврска.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG