Линкови за пристапност

Проценка: до 2030-та, 42% од возрасните во САД ќе патат од дебелина


Во моментов 34% од возрасните се со прекумерна тежина, а 6% екстремно дебели.

Според најнова проценка, до 2030-та 42% од возрасните Американци ќе патат од дебелина, а 11% од екстремен вишок на килограми.

Проценката е изнесена во два извештаја на Институтот за медицина објавени понеделникот и вторникот на конференцијата Тежината на нацијата, што во Вашингтон ја организираше Центарот за контрола и превенција на болести.

Научниците кои го извршиле истражувањето наведуваат дека е потребна стратегија што налага акција на сите нивоа во општеството за да се сопре проблемот со дебелината.

Според податоците на Институтот за медицина, во моментов 34% од возрасните лица во САД се со прекумерна тежина, а 6% екстремно дебели. Екстремната дебелина вообичаено се дефинира како вишок од 45 килограми.

Едно од истражувањата на Институтот заклучува дека причината за епидемијата на дебелината во САД се попрво условите што практично промовираат вишок на килиграми, отколку недостатокот на индивидуална волја да се промени ситуацијата. Авторите нудат долга листа на предлози како да се надмине ситуацијата, од фокусирање на училиштата каде децата минуваат најголем дел од времето во текот на денот, преку укинување на субвенциите што ги спречуваат американските фармери да одгледуваат овошје и зеленчук, па се до оданочување на зашеќерените пијалоци, како газираните, на пример.

Институтот апелира здравата храна и пијалоци да бидат што е можно пошироко достапни со што Американците би можеле да донесуваат поздрави одлуки во исхраната, не само во рестораните, туку и на училиште, во трговските центри, местата за забава и на спортските натпревари.

XS
SM
MD
LG