Линкови за пристапност

Обама за стратегијата против Ал-Каида и Исламската држава


Последен голем говор на актуелниот претседател за националната безбедност

Претседателот Обама рече дека промената на курсот на тактиката на неговата администрација во борбата против тероризмот – од ангажман во брутална битка на терен до создавање мултинационални сили со вклучување на локалните влади, се една од придобивките, кои САД ги стекнаа во борбата против Исламската држава и терористичката мрежа на Ал-Каида.

Во последниот голем говор за националната безбедност, Обама ја поздрави работата на американската команда за специјални операции и Централната команда, двата оддели кои се одговорни за специјалните воени операции на Армијата, Морнарицата, и воздухопловните сили.

“Нашата нација ви должи голема почит“, рече Обама пред војниците од специјалните единици во армиската база МекДил во Флорида.

“Осум години додека ја извршувам функцијата претседател, немаше ниту еден ден кога терористичка организација, или некој радикализирано лице, не заговараше напад врз САД“, потсети Обама, кој додаде дека заминува од функцијата на 20-ти јануари, 2017-та, како единствен претседател, кој служел два мандати во воено време.

„Исламската држава загуби повеќе од половина од нејзината територија и ја загуби контролата врз главните населени места. Нивниот систем за регрутирање нови борци е во изумирање“, изјави претседателот на САД.

Бен Роудес, заменик-советник за национална безбедност, пред говорот рече дека стратегијата на актуелната администрацијата претставува „поодржлив пристап, каде има ограничен број на војници на терен“.

Но, некои експерти за контратероризам, на подемот на Исламската држава гледаат како индикатор дека одговорот на администрација на Обама е недоволен за нејзино уништување, иако оваа американска влада има успех во убивањето на клучни лидери на милитантите.

XS
SM
MD
LG