Американскиот претседател Барак Обама потпиша мерка што ги олеснува правилата за новите бизниси во однос на акциите и инвестициите.
На церемонијата на потпишување на мерката во Белата куќа, Обама рече дека во сегашната економска ситуација се` потешко може да се добие кредит што прави да биде практично невозможно новите бизниси да започнат со работа. Законот е корисен и важен чекор, бидејќи новите бизниси водат кон нови работни места, оцени претседателот.
Со новите одредби, се олеснува процедурата со која малите бизниси може да понудат акции на јавна продажба. Исто така, претприемачите ќе можат да соберат до 1 милион долари преку Интернет од инвеститорите.