Линкови за пристапност

Обама: Наградата поголема од ризиците


Обама: Наградата поголема од ризиците
Обама: Наградата поголема од ризиците

На емисијата „60 минути“ за телевизијата СиБиЕс претселот кажа дека не ја донел одлуката за напад лесно

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека наредил акција против лидерот на Ал-Каида Осама бин Ладен откако биле искалкулирани ризиците за можноста, со негови зборови “ конечно да биде фатен бараниот“.

Обама во интервју во неделата за мрежата Си-Би-Ес рече дека негова најголема грижа биле командосите кои ја извеле акцијата во Аботабад и дека тоа биле „најдолгите 40 минути“ во неговиот живот, со исклучок можеби кога една од ќерките добила менингитис, пред многу години.

Тој рече дека останува нејасно дали пакистанската влада знаела за присуството на бин Ладен во земјата, но дека е јасно дека бин Ладен имал некој вид на систем на поддршка.

XS
SM
MD
LG