Линкови за пристапност

Обама: капетан за време на бура


Обама: капетан за време на бура
Обама: капетан за време на бура

Во интервју за ЦБС образложи зошто се кандидира за втор мандат.

Во синоќешното интервју за емисијата „60 минути“ на ТВ-мрежата ЦБС, Обама се спореди со капетан на брод за време на бура и рече дека не очекува Американците да бидат задоволни од сегашната економска состојба во земјата.

Претседателот прогнозираше дека би загубил на изборите само доколку гласачите поверуваат на републиканскиот план за помали даноци за богатите и олабавени регулативи, но коментираше дека „Американците нема да појдат во таа насока“. Обама очекува гласачите да му дадат поддршка затоа што успеа да ги извлече САД од нова Голема депресија, ја спаси автомобилската индустрија и ги намали трошоците на здравствената заштита.

Обама ги отфрли републиканските критики дека неговата политика се издига на ниво на класна борба, коментирајќи дека се обидува да ја врати онаа Америка што создава средна класа и бара богатите Американци да плаќаат нешто поголеми даноци.

Републиканските претенденти, како фаворитите Мит Ромни и Њут Гингрич, тврдат дека Обама не е способен да ја извлече земјата од економската криза.

XS
SM
MD
LG