Линкови за пристапност

Обама бара акција од Конгресот за реформи во образованието


Обама бара акција од Конгресот за реформи во образованието
Обама бара акција од Конгресот за реформи во образованието

Американскиот претседател се залага за реформа на клучниот образовен закон во државата

Американскиот претседател Барак Обама го повика Конгресот да го реформира клучниот образовен закон за да се обезбеди подобра подготовка на американските ученици за колеџ или за работно место.

Белата куќа вели дека претседателот сака да изврши притисок да му се помогне на секое дете да напредне, наспроти досегашниот фокус на обезбедување учениците да не заостанат во образованието.

Обама сака Конгресот да го замени досегашниот закон, познат како “Ниту едно дете без образование“ со акт кој ќе промовира подобра одговорност, реформи и резултати.

Претседателот на оваа тема се обрати при посета на средно училиште, во околината на Вашингтон.

Обама повика на подобра обука на наставниот кадар, распоредување на ефикасни наставници во послаби училишта, вклучување на родителите во училишниот систем и наградување за наставници и уличиштата кои постигнуваат добри резултати.

Актот „Ниту едно дете без образование“ стана закон во 2001-ва и користеше стандардизирани тестови за евалуирање на постигнувањета на училиштата. Училиштата кои немаат добри резултати ризикуваат да го загубат финансирањето од федералната влада.

Обама одржа неколку говори за образованието во март, месец што неговата администрација го означува како „Месец на образованието“.

Тој има кажано дека владата треба да инвестира во образованието дури и кога на други полиња мора да се кратат трошоците заради дефицит во буџетот.

Претседателот Обама исто така ја рекламираше програмата на неговата администрација “Трка до врвот“, што обезбедува финансирање на повеќе од 40 сојузни држави кои ги кренале нивните стандарди за учење.

XS
SM
MD
LG