Линкови за пристапност

Претседателот предлага буџет за 2016-та


Белата куќа предвидува федерални трошоци од четири трилиони долари; Конгресот вели документот нема да мине

Американскиот претседател Барак Обама го испрати предлогот од буџетот од 4 трилиони долари до Конгресот при што предвидува повисоки даноци за богатите Американци и олеснување на автоматските кратења на трошоците воведени во 2011-та, во време кога САД се бореа да ја оправат државната економија по глобалната еконмска криза.

Предлогот на претседателот за буџетот вклучува и 14-процентно оданочување на корпоративните профити во странство за да финансираат околу 500 милијарди долари вредни поправки на националните патишта, мостови и друга инфраструктура. Поддржувачите на зголемувањето на даноците за богатите велат дека ќе помогне да се соберат повеќе од 300 милијарди долари за поддршка на програми за лица со средни и ниски примања.

Белата куќа објави дека автоматските кратења на трошоците пред четири години го забавиле економскиот растеж и и`наштетиле на американската армија. Официјални лица од администрацијата најавија дека претседателот ќе се заложи за целосно укинување за задолжителните кратења, истовреме зајакнувајќи го финасирањето на армијата и иницијативите за националната безбедност.

Додека членови од Демократската партија веќе ги поддржаа предлозите за буџетот, документот наиде на жесток отпор од Конгресот кој е под контрола на републиканците, кои велат дека предлозите се премногу скапи.

Републиканците неколкупати го отфрлија повикот на претседателот за зголемување на даноците за богатите, и наместо тоа бараат реформи во Системот за социјална заштита и програмите на здравствената нега.

XS
SM
MD
LG