Линкови за пристапност

Обама на средби со азиските водачи


Обама на средби со азиските водачи
Обама на средби со азиските водачи

Американскиот претседател учествува на Самитот на источна Азија во Бали, Индонезија.

Американскиот претседател Барак Обама на Самитот на источна Азија во Бали, Индонезија се сретна со неколку водачи од регионот.

По средбата со индискиот премиер Манмохан Синг, Обама рече дека обете земји сметаат дека самитот е главната арена за разрешување на разни прашања, од поморската безбедност до неширењето на оружјето и поголемата соработка при катастрофи и во хуманитарни цели.

Обама вели дека на одвоена средба со индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудојоно се договориле за зголемување на соработката, при што САД ќе помогнат со обука и поддршка во модернизацијата на индонезиската армија.

На економски план, Обама ја поздрави големата нарачка на авиони Боинг на индонезиската компанија Лион Еар. Боинг соопшти дека продажбата на 230 авиони од типот 737, вредна 22 милијарди, е најголемата цивилна нарачка во историјата на компанијата.

Обама најави и дека САД и Индонезија планираат да потпишат пакт од 600 милиони долари за секторите на оддржлив развој, јавно здравство и јавни услуги во Индонезија.

На Обама му престојат средби со водачи на други азиски земји кои бараат американска поддршка за територијалните спорови со Кина за Јужнокинеското Море.

XS
SM
MD
LG