Линкови за пристапност

Откажан Њујоршкиот маратон поради страв од ширење на коронавирусот


Маратонот во Њујорк беше откажан само еднаш од постоењето и тоа во 2012-та, кога ураганот Санди ја опустоши областа неколку дена пред одржувањето.

Њујоршкиот маратон е откажан поради загриженост за ширење на коронавирусот, објавија организаторите.

Познатиот Маратон требаше да го прослави 50-от роденден во ноември, и се очекуваше да привлече 50.000 тркачи, 10, волонтери и еден милион обожаватели во метрополата.

Со оглед на загриженоста од нов скок на случаи на коронавирус и евентуален втор бран во есен, градските власти одлучија да го откажат поради заштита на јавното здравје.

Маратонот во Њујорк беше откажан само еднаш од постоењето и тоа во 2012-та, кога ураганот Санди ја опустоши областа неколку дена пред одржувањето.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG