Во Сиднеј, една од првите метрополи кои ја пречека Новата година, глетката остава без здив! На еден од најголемите огномети досега на овој континент беа потрошени седум тони пиротехнички материјал за 12-минутно шоу кое чинеше 5,1 милион долари.
Индинезиска Џакарта живее под зголемени безбедносни мерки откако полицијата осуети планови за терористички напади за време на прославите.
Париз ги откажа сите плановите за огномети и планира намалување на гломазноста на новогодишните манифестации.
Градоначалничката Ен Хилдалго рече дека Париз треба да го направи традиционалниот премин од Старата во Новата година со светлосни проекции на неколку париски локации и да испрати сигнал до светот дека градот продолжува да се опоравува од терористички напади во ноември кога беа убиени 130 лица.
Во Турција, тамошните власти приведоа двајца осомничени членови на Исламската држава за кое се верува дека планирале напади за време на новогодишните прослави во Анкара.