Првиот американски носач на авиони на нуклеарен погон замина на својата последна мисија. Морнарицата соопшти дека Ентерпрајс синоќа ја напуштил базата во сојузната држава Вирџинија и заминал на рутинско распоредување во Медитеранот и Персискиот Залив, каде ќе се фокусира на поморската безбедност и одржувањето на регионалната стабилност.
Изградбата на Ентерпрајс чинеше 451 милион долари, а беше пуште во погон во 1961-ва. Бродот беше вклучен во Кубанската ракетна криза, Виетнамската војна и двете војни во Ирак. Носачот на авиони учествуваше и во снимањето на познатиот филм Топган. Работи на осум нуклеарни реактори и е најстариот и најголем брод на американската морнарица. На него досега служеле преку 200.000 морнари.
Морнарицата ќе го пензионира Ентерпрајс подоцна годинава.