Линкови за пристапност

Норвешка одбележа 10 години од екстремистичките напади со над 70 жртви


Премиерката Ерна Солберг на меморијалната служба во Осло, се потсети на денот кој беше, како што кажа, „напад врз нашата демократија“.

Норвешка одбележа 10 години од нападот на десничарскиот екстремист кој уби 77 лица во Осло и на мал остров во близина на главниот град.

Премиерката Ерна Солберг на меморијалната служба во Осло, се потсети на денот кој беше, како што кажа, „напад врз нашата демократија“.

Преживеаните од нападот и членови на нивните семејства беа меѓу присутните на комеморацијата, придружувани од принцот и принцезата на Норвешка.

Андерс Брејвик отслужува 21 годишна казна затвор за нападот. Таа може да се продолжи ако се докаже дека и натаму претставува закана за општеството.

Нападот на Брејвик почна со детонирање бомба во Осло при што загинаа осум лица, потоа, се упати кон островот Утоја, каде застрела 69 лица од младински ограноци на Лабуристичката партија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG