Претседателската кампања влегува во финишот – двата табора се борат за секој глас, се бара поддршка и од непоределените и од граѓаните кои во првиот круг го поддржаа Блерим Река. Штабовите, и на Пендаровски и на Силјановска, сметаат дека аргументите се на нивна страна и дека токму нивниот кандидат ќе биде новиот шеф на државата. Опозицијата тврди дека Силјановска-Давкова заслужува поддршка од граѓаните зашто власта потфрлила на секое поле.
„Очекуваме поддршката за Гордана Сиљановска Давкова да драстично порасне помеѓу двата круга. Јас дадов едно предвидување вчера ќе го повторам денес очекувам, победа на Сиљановска со 30.000 илјади гласа разлика“, коментира Александа Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Кандидатот на владејачките партии денеска предупреди кој е влогот. „Гласот за Силјановска е глас за враќање назад“ – порача кандидатот Стево Пендаровски: „На 5 мај имаме шанса која не смееме да ја испуштиме. Шанса да спречиме враќање кон темното минато, поделбите, омразата, криминалот и масовната корупција. Ова е историска можност да изградиме држава во која ќе владее правото, еднаквоста и солидарноста, општество кое ќе се темели на човечност и еднакви права за сите“.
ДИК денеска го презеде и го дистрибуираше изборниот материјал за вториот круг.
„Важно е во недела да имаме чист коректен изборен ден во кој ќе го потврдиме првиот круг – дека на фер и демократски начин граѓаните можат да спроведат избори“, Оливер Дерковски, претседател на ДИК.
За вториот круг да успее треба да излезат најмалку 40 отсто од вкупно 1.808.131 впишани избирачи. Победник ќе биде оној од двајцата кабндидати што ќе освои мнозинство од гласовите.
Facebook Forum