Линкови за пристапност

И натаму неизвесно, дали отворените прашања меѓу Скопје и Софија, ќе го закочат патот кон ЕУ


Дали отворените прашања меѓу Скопје и Софија ќе го закочат патот кон ЕУ?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Оптимисти сме, смета Анке Холштајн, амбасадорка на Германија во Северна Македонија.

„Ние, сега сме фокусирани да го завршиме Берлинскиот процес и да и покажеме на цела Европа дека можеме заеднички да завршиме нешто успешно.“, оцени Ангел Ангелов, амбасадор на Бугарија во Скопје.

Повикувајќи се на денешниот настан, бугарскиот амбасадор во земјава вака го избегна одговорот на новинарското прашање дали е извесно вето на Софија ако историската комисија не испорача решение за отворените прашања меѓу двете земји. Но,затоа Ангелов беше мошне јасен дали Бугарија може да ги промени ставовите изнесени во својот меморандум упатен до останатите членки на ЕУ со кој го проблематизира стартот на преговори со Северна Македонија.

Бугарија не може да ги промени своите позиции затоа што има декларација на Парламентот и одлука на Влада.
Ангелов, бугарски амбасадор во Скопје


„Бугарија не може да ги промени своите позиции затоа што има декларација на Парламентот и одлука на Влада. Тоа што се говори внатре во ЕУ е проблем на Унијата и тоа е проблем на Брисел, а не наш проблем тука“, изјави Ангелов.

Дека ова прашање сега е издигнато на ниво на проблем во Брисел, признава и германската амбасадорка чија земја е актуелен претседавач со Унијата. „Ќе сториме се, кусо е времето“ – вели Анке Холштајн.

Во близок контакт сме со сите инволвирани. Се уште постои малку време. Во интерес е на сите вклучени тоа да се случи. Оптимисти сме.
Холштајн, Амбасадорка на Германија во Скопје


„Одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија е наша цел како германско претседателство во рамки на процесот на проширувањето и ние цврсто се придржуваме кон таа цел. Ќе направиме се што можеме за да овозможиме тоа да се случи. Во близок контакт сме со сите инволвирани. Се уште постои малку време. Во интерес е на сите вклучени тоа да се случи. Оптимисти сме.“, смета Анке Холштајн, амбасадорка на Германија во Северна Македонија.

Оптимист е и шефот на македонската дипломатија кој не сака да зборува во детали за процесот, само објасни дека има канал на секојдневна комуникација меѓу Скопје и Софија низ кој се разговара за отворените прашања.

Апсолутно отворено, пријателски искажувајќи ги чувствителните работи од нашата страна во однос на отворените прашања, но слушајќи ги и останувајќи отворени и сензитивни за бугарската страна за сите прашања, сметам дека полесно ќе дојдеме до заедничко разбирање за се она што ги засега односите. Јас сум оптимист.
Османи, министер за надворешни работи


„Мислам дека оставањето на прашањата под тепих, не прави тие да исчезнат сами по себе, туку само ги прави поголеми, ги акумулира и ги прави потешки за решавање во иднина. Апсолутно отворено, пријателски искажувајќи ги чувствителните работи од нашата страна во однос на отворените прашања, но слушајќи ги и останувајќи отворени и сензитивни за бугарската страна за сите прашања, сметам дека полесно ќе дојдеме до заедничко разбирање за се она што ги засега односите. Јас сум оптимист. Сите сме свесни за влогот којшто го имаме во овој процес, за важноста на процесот и фактот дека стратешки приоритет за двете држави е регионот да се движи кон ЕУ.“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

Една од можните опции за решение, која ја спомена и премиерот Заев, е преку писмена декларација, да се зацврсти постоечкиот договор меѓу двете земји во делот на пријателството, добрососедството и соработката.

И Берлин смета дека излез од ситуацијата треба да се бара низ договорот. Во неодамнешно интервју за Гласот на Америка, Сузане Шуц, директорка за Југоситочна Европа во германското МНР, порача дека прашањата за историјата треба да се остават на историчарите, а отворените прашања двете држави да ги решат во рамките на билатералниот договор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG