Линкови за пристапност

Подготовки за втор самит САД – Северна Кореја


Не е утврдена локација и датум, но најверојатно февруари

Северна Кореја се подготвува за втор самит меѓу лидерот Ким Јонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп.

Севернокорејската новинска агенција објави дека Ким очекува во духот на добра волја да ги оствари зацртаните цели со претседателот Трамп.

Оценките на Ким доаѓаат по минатонеделната посета на потпретседателот Ким Јонг Чол во Вашингтон при што беа разгледувани деталите за претстојниот самит.

Трамп бара заложба од Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје додека Ким бара укинување на меѓународните санкции за да се фокусира на унапредување на стагнантната економија.

Двете страни ветија дека ќе работат за „денуклеаризација на корејскиот полуостров“ на првиот самит во Сингапур во јуни.

Датумот и локацијата за вториот самит се` не се познати. Претседателот Трамп најави дека веројатно ќе биде во февруари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG