Линкови за пристапност

Мали шанси за продолжување на примирјето со Северна Кореја


Привремено вербално затишје за време на Олимписките игри нема да трае долго

Воената парада на Северна Кореја и разговорите за евентуални воени удари од САД, ги засенија дипломатските напори на Јужна Кореја за продолжување на примирјето за време на Олимписките игри.

Со фактот дека преговорите за учество на Северна Кореја на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, кои почнуваат следната недела, завршија успешно, јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин успеа да издејствува пауза за тестирања нуклеарни и балистички проектили од страна на Пјонгјанг; постигна одложување на заедничките воените вежби на САД и Јужна Кореја, и отвори пат за евентуална потрага по мирољубиво решение за нуклеарната криза на Корејскиот Полуостров.

Но, независно од Олимпискиот дух коишто владее во Пјонгчанг, шансите за смирување на напнатоста во регионот, слабеат.

Ниту Вашингтон, ниту Пјонгјанг не индицираат подготвеност за компромис и поместување од зацртаните позиции.

Стејт департментот изрази негодување за воената парада на Северна Кореја, но потсекретарот Стив Голдштајн ги минимизираше шансите дека тие ќе се одразат врз духот на Олимпијадата, пренесувајќи ја надежта „на Јужна Кореја, на САД, дека Севернокорејците ќе се приклучат на сите нации во славењето на Олимпијците“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG