Линкови за пристапност

Каде е Ким Џонг Ун?


36-годишниот Ким последен пат во јавноста бил виден во саботата, на состанокот на Работничката партија

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун не се појави во државните медиуми за најважниот политички празник, што е невообичаено отсуство кога станува збор за официјални настани.

Ким не се појави на јавен настап за време на вчерашниот празник – Денот на Сонцето, што го одбележува раѓањето на неговиот дедо, починатиот лидер на нацијата Ким Ил Сунг.

Вообичаено, официјалниот весник Родонг Синмум известува еден ден по празникот дека Ким Џонг Ун, го посетил балсамираното тело на неговиот дедо, кое се наоѓа во Палатата на Сонцето Кумсусан во Пјонгјанг.

„Може да се каже дека неговото отсуство е чудно. Јасно оди против наративот на Северна Кореја дека се е под контрола“, вели Рамон Пардо, специјалист за Кореа, кој предава на Колеџот Кинг во Лондон.

36-годишниот Ким последен пат во јавноста бил виден во саботата, на состанокот на Работничката партија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG