Линкови за пристапност

Повеќе прашања од одговори за Северна Кореја


Повеќе прашања од одговори за Северна Кореја
Повеќе прашања од одговори за Северна Кореја

Смрттта на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил покрена голем број прашања за тоа што навистина се случува во државата што се смета за најзатворено општество во светот. Известувачот на Гласот на Америка, Стив Херман, кој долги години работи од Сеул, се обиде да даде одговори на прашањата поставени преку социјалните медиуми.

На прашањето поставено преку Твитер дали има индикации дека Ким Јонг Ун добил обука да ја предводи Северна Кореја, одговорот е позитивен. Ким Јонг Ун бил обучуван од неговиот татко неколку години за да го наследи. Обуката била интензивирана особено откако тој наводно претрпел мозочен удар. Иницијативата станала очигледна особено откако Ким Јонг Ун бил унапреден во генерал со четири ѕвездички и други воени чинови во авторитарната држава.

Додека многумина експерти се сомневаат дека толку млад и неискусен наследник може ефикасно да води таква проблематична земја како Северна Кореја, вреди да се спомене дека со истиот предизвик се соочил и Ким Јонг Ил по смртта на неговиот татко Ким Ил Сунг.

На прашањето добиено преку Фејсбук - зошто на Северна Кореја и` биле потребни два дена да ја соопшти веста за смртта на Ким Јонг Ил, одговорот е дека таквата пракса се чини дека е правило, а не исклучок, особено за земји каде смртта на апсолутните водачи се обелоденува преку медиуми под контрола на државата.

Меѓу другите прашања имало многу за возраста на која починал Ким Јонг Ил. Се верува дека тој бил или 69 или 70. Според советските податоци, тој бил роден во Сибир во 1941-та година.

XS
SM
MD
LG