Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека има намера да ја номинира Кејт Мари Брнс за идна амбасадорка во Македонија.
Таа е дипломат од кариера во Стејт департментот. Во моментов ја извршува функцијата заменик шеф на мисијата во амбасадата на САД во Грција.
За неа се вели дека претходно била втор човек на мисијата и заменик - постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена. Во својата дипломатска кариера работела во американската амбасада во Мадрид, Шпанија, и била на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел. Брнс зборува шпански, унгарски и турски јазик.
Информацијата за нејзиното номинирање е објавена на официјалната страница на Белата куќа.
Актуелниот американски амбасадор во Македонија Џес Бејли ја сподели информацијата на својот профил на социјалната мрежа Твитер:
Бејли беше потврден како амбасадор на САД во Македонија од Сенатот во декември 2014 година.
Facebook Forum