Линкови за пристапност

Трамп очекува средба со Ким Јонг Ун, од Пјонгјанг лути поради санкциите


Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека очекува нова средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун оваа година, иако првиот човек на Северна Кореја во обраќањето до нацијата рече дека е можно односите на добра волја воспоставени со САД лани, да не продолжат во иста насока во 2019 година.

Трамп вчера преку Твитер изрази оптимизам за повторна средба со Ун, откако севернокорејскиот лидер предупреди дека е можно Пјонгјанг да заземе друг пристап кон преговорите за нуклеарната програма доколку продолжат санкциите од САД.

Воедно, во своето новогодишно обраќање до нацијата, претседателот на Северна Кореја истакна дека има и цврста волја за земјата повеќе да не произведува и тестира нуклеарно оружје, ниту, пак, да се користи тој арсенал.

Преговорите меѓу САД и Северна Кореја последен пат се одржаа во јуни, на самитот во Сингапур.

XS
SM
MD
LG