Линкови за пристапност

Нобелова награда за физика за откривање гравитациски бранови


Нобеловци се - научниците Рајнер Вајс, Бери Бариш и Кип Торн

Научниците Рајнер Вајс, Бери Бариш и Кип Торн освоија Нобелова награда за физика за откривање на гравитациски бранови.

Шведската кралска Академија на науките ја објави наградата во висина од 1,1 милион долари.

Теоријата за релативноста на Алберт Ајнштајн предвидела постоење гравитациони бранови кои беа создадени во било кое време кога има забрзување на масата, но не биле забележани до неодамна кога брановите беа всушност надгледувани.

Вајс, роден во Германија, и Американците Торн и Бериш, работеле на системот ЛИГО - или ласерската интерферометарска обсерваторија за набљудување на гравитациски бранови.

Во 2015-та, опсерваториите соопштија дека успеале да детектираат прв сигнал од гравитациски бранови. Научниците откриле сигнал од спојувањето на две црни дупки.

Се смета дека со овие откритија се потврдува постоењето на гравитациските бранови, како дел од теоријата на релативитетот на Алберт Ајнштајн.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG