Нобеловата награда за литература годинава е доделена на белоруската новинарка Светлана Алексиевич, за нејзиното пишување што е „споменик на страдањата и храброста во нашето време“, како што стои во образложението на комисијата за доделување на ова престижно признание.
Алексиевич пишувала книги за влијанието врз човекот од катастрофата во Чернобил, за војната во Авганистан, за советската и пост-советската историја. Нејзините дела се базираат врз орални историски раскажувања и перспектива доживеана и пренесена во прво лице еднина.