Канаѓанецот Артур Мекдоналд и на Јапонецот Такаки Кајита се овогодешни победници на Нобеловата награда за физика за 2015-та.
Наградата им е доделена за нивното откривање на осцилациите на честичката неутрино. Шведската Кралска академија на науките соопшти дека нивните експерименти покажале дека втората најраспространета субатомската честичка неутрино, веднаш до фотоните, има маса.
Добитниците ќе поделат награда од 960.000 долари.
На 10 декември на свечената церемонија во Осло ќе им биде врачена наградата.
Нобеловите награди се доделуваат секоја година во областа на медицината, физика, хемија, литература, мир и економските науки.