Линкови за пристапност

Нимиц во нов обид за решение за името

Нимиц планира посети на Скопје и Атина
Нимиц планира посети на Скопје и Атина
Специјалниот посредник на ОН во преговорите за името, амбасадорот Метју Нимиц, ќе престојува во регионот меѓу 8-ми и 11-ти јануари, 2013-та, на средби во Атина и Скопје по ноемвриските дискусии во Њујорк со претставниците од двете влади, јави портпаролот на Светската организација.

Во кусото соопштение од Њујорк се вели дека амбасадорот Нимиц во Атина и во Скопје ќе има средби со претставници од двете земји за забрзување на процесот на пронаоѓање взаемно прифатливо решение за прашањето за името.
This item is part of
XS
SM
MD
LG