Линкови за пристапност

Попоски по средбата со Нимиц во Њујорк: во преговарачкиот процес има два пристапа


Попоски по средбата со Нимиц во Њујорк: во преговарачкиот процес има два пристапа
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:39 0:00

Попоски по средбата со Нимиц во Њујорк: во преговарачкиот процес има два пристапа

Во Канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН немаа коментар на состанокот

Министерот за надворешни работи Никола Попоски средата во Њујорк се сретна со посредникот на ОН за прашањето за името, Метју Нимиц.

„Средбата е потврда на нашиот конзистентен став дека сакаме да се надмине наметнатиот спор за името. Така сме постапуваме во минатото. Така постапуваме и сега. Затоа сме активни и конструктивни во овој домен“, коментираше Попоски на прашањето на Гласот на Америка на македонски - дали состанокот претставува консултација во врска со последниот предлог на Нимиц, даден во април годинава.

Во Канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН немаа коментар на средбата.

Шефот на македонската дипломатија гледа два различни пристапа кон преговарачкиот процес под закрила на ОН: „Од една страна, целосно исполнување на меѓународно преземените обврски, проактивен и конструктивен пристап, пристапување кон дијалогот со намера за надминување на сите разлики и искрена заложба за градење заедничка европска иднина. Од друга страна, имаме една асиметрична мотивација, избегнување на преземените обврски, избегнување на континуиран дијалог, тактизирање, одбегнување конкретни чекори во контект на следниот министерски совет на ЕУ, на кој очекуваме да се добие зелено светло за почеток на преговорите за членство“.

За можноста, сепак да заживее преговарачкиот процес под капата на ОН во следните месеци, Попоски вели: „Тоа е апсолутно наша заложба. Крајната цел ни е да не опстане оваа ситуација на де факто нелегално блокирање на процесот на интеграција во НАТО и ЕУ. Оваа заложба ја повторив и на овие средби во Њујорк, рече Попоски пред заминувањето од САД, каде во вторникот се сретна и со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.

Ставот на Атина, пак, последен пат го повтори заменик-шефот на грчката дипломатија, Димитрис Куркулас, во неодамнешно интервју за новинската агенција на Европската унија, Агенција Европа.

„Почеток на пристапни преговори со Унијата под актуелните услови би бил комплетно непродуктивен“, рече Куркулас.

„За да има продуктивни преговори, потребено е минимум разбирање, соработка - работите кои не постојат. Во спротивен случај, резултатот би бил увезување на проблемите од регионот во рамките на ЕУ. Сакаме да започнеме со преговорите и сакаме оваа земја да го најде своето место во европското семејство. Но, веруваме дека отворањето на пристапните преговори под сегашните околности би било целосно контрапродуктивно,“ кажа грчкиот заменик-министер за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG