Современиот балетски перформанс „Будење“ во Центарот Кенеди беше придружуван од музика изведувана во живо. „Years of my Pilgrimage" од Франц Лист за соло пијано, маестрално, македонскиот пијанист Никола Паскалов. Спектакл, кој, не оставa простор за рамнодушност.
„Голем престиж е да се настапува на ваква сцена како што е Кенеди Центарот. Ова ми е четври пат како настапувам и почнувам да се чувствувам како дома“, вели Паскалов.
Глас на Америка: Какво е чувството кога го изведуваш Франц Лист?
„Лист е голем виртуоз, голем композитор, и секогаш е голем предизвик да се свири, особено вакво виртуозно дело. Секогаш предизвикува голем ефект кај публиката, но мора да признам дека ова за мене беше прво искуство, каде соло-репертоар, напишан за соло-пијано, беше придружен со една кореографија, која му даде нова перспектива на истото дело“, вели Паскалов за Гласот на Америка.
Кореографот Луси Бовен - Меколи е уметничка директорка на танцувачката компанија „Боуен-Меколи“, за Гласот на Америка, објаснува зошто вклучува настапи во живо на музичари, кои внесуваат поинаква боја во доживувањето -
„Битно ми е кога музичарите внесуваат нова енергија на сцената за време на перформансот. Кога ја креирав изведбата пред една година, се распрашав, кој може да го долови Франц Лист на сцената, и` сите ми рекоа дека има само еден пијанист во градот, а тоа е Никола!“, вели Бовен - Меколи.
И, како што вели, кореографката Луси, Маестро Никола брилијантен на сцена, и само во негов претпознатлив стил на музицирање го долови Франц Лист, и` беше испратен со стоечки овации од Центарот Кенеди...
Паскалов најави нови настапи следната година во Центарот Кенеди, а во меѓувреме, продолжува со неговите тековни проекти, соло-рецитали и камерна музика.
Facebook Forum