Линкови за пристапност

Димитров: Двете страни мора да излезат со исправена глава од проблемот со името


Димитров: Во преговорите за името да има решение со кое двете држави ќе бидат победници
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Интервју со Никола Димитров

Во преговорите за името да се најде начин кој ќе ги направи двете држави победници, вели шефот на македонската дипломатија за Гласот на Америка

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Гласот на Америка, вели дека меѓународната заедница има шанса да ја направи Македонија успешна приказна, со оглед на новата решителност со промената на власта да се работи на слободите медиуми, независните судии, на балансот на поделбата на власта.

За прашањето за името вели дека треба да се најде начин кој што ќе ги направи двете држави - победници. „Не би сакале да бидеме во позиција да избираме, меѓу добри односи со Руската федерација и НАТО – членството. Ние сакаме да сме дел од НАТО заради Членот 5, зашто е клучно за стабилноста на Македонија и на регионот, и на јужното крило на НАТО. Опкружени сме со членки на НАТО. Сите видовме дека не е добро Македонија да биде заклучена во чекалната на Алијансата толку многу време, коментира шефот на македонската дипломатија Никола Димитров за Гласот на Америка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG