Да се исклучи сеопфатно родово сензитивно образование во основното образование, етика на религии да остане изборен предмет, да не се спојуваат два или повеќе предмети во еден и да нема кратење на фондот на часови по одредени предмети. Ова се само дел од барањата на граѓанската иницијтива „Учебници и настава мора да има“, кои не се согласуваат со новиот предлог закон за учебници.
Родителите не се согласуваат децата да изучуваат сексуално образование. Бараат повлекување на предлог законот за учебници.
Со предлог законот се предвидува и спојување на повеќе предмети во еден.
Не стивнуваат реакциите, помеѓу родителите и наставниот кадар околу предлог законот за учебници, со кој покрај замена на хартиените со дигитални учебници, се предвидува и спојување на неколку предмети во еден како и воведување на нови наставни содржини.
Ќе се намалуваат фондовите на часови, а ќе се додаваат некои нови предмети кои ние како иницијатива сметаме дека е прерано да се воведат во основно образование. На пример сексуалното образование. Сметаме дека децата не се доволно зрели за да ги разберат тие работиМојсова - Николоска, родителска иницијатива
„Ќе се намалуваат фондовите на часови, а ќе се додаваат некои нови предмети кои ние како иницијатива сметаме дека е прерано да се воведат во основно образование. На пример сексуалното образование. Сметаме дека децата не се доволно зрели за да ги разберат тие работи“, изјави Снежана Мојсова - Николоска, од иницијативата „Учебници и настава мора да има“.
Во концепцијата за основно образование од март годинава, меѓу другото се вели дека од исклучително значење за обезбедување родово сензитивно образование е тоа што меѓу понудените изборни предмети има такви кои барем делумно се посветени на стекнување сознанија за тоа дека родовите норми и улоги не се фиксни, како и тоа дека родовите стереотипи можат да доведат до сериозни индивидуални и општествени последици, меѓу кои најпроблематична е високата застапеност на родово заснованото насилство. Се очекува ваквите предмети, преку посочените содржини, да овозможат градење на негативен став кон сите видови родова дискриминација, вклучувајќи ја и дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација, се вели во концепцијата.
Од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ бараат да се исклучи сеопфатно родово сензитивно образование во основното образование, етика на религии да остане изборен предмет, да не се спојуваат два или повеќе предмети во еден и да нема кратење на фондот на часови по одредени предмети.
„Ова што сега се промовира со родово сензитивна настава мислам дека е промоција на некои искривени вредности“, изјави Маја Мојсоска-наставник во Струга.
Зарем може нешто полошо да се случи од ова. Јас сум мајка. Не сакам да ме нарекуваат родител еден или родител два.Николоска, родителка
„Јас се чувствувам згрозена од новото родово сензитивно образование. Затоа што нема потреба детето да учи родово сензитивно образование и како треба да се декларира. Родител еден, родител два. Зарем може нешто полошо да се случи од ова. Јас сум мајка. Не сакам да ме нарекуваат родител еден или родител два. Родово сензитивно образование сум да се исфрли тотално. Зошто да не остане етика на религии“, истакна Лидија Николоска, родителка.
Предвидено е спојување на општествените науки во еден предмет. Хемија, биологија и физика се инкорпорираат во природни науки, додека информатика и ОТО, треба да се изучуваат заедно исто како и музичко образование и ликовно.
„Сметам дека за вакви реформи, треба да се направи една добра и стручна еваулација и анализа за состојбата во училиштата, а потоа да се отпочне со темелна реформа која би значела трајно решение“, коментира, Маја Мојсоска, наставничка во Струга
„Ова ја засега цела држава и целиот образовен систем, пред се, ние како родители. Родителите не се за ова“, порача Лидија Николоска, родителка.
Од Министерството за образование велат дека не станува збор за спојување на предмети туку за нивна интеграција и оти во новиот модел нема кратење на научни дисциплини и содржини, туку дека тие си остануваат. Интегрираните предмети не се новина во нашиот образовен систем. Таков пример е велат со предметот природни науки до шесто одделение, преку кој се изучувале теми од областа на биологијата, хемијата и физиката. Сега ваква интеграција на предмети се воведува од седмо до деветто одделение, додаваат од Министерството за образование.
По однос на сеопфатно сексуално образование се работи за пилот проект кој ќе се спроведува во учебната 2021/2022 година во 4 основни училишта, при што наставната програма ќе биде понудена како изборен предмет за учениците во деветто одделение.Министерство за образование
„По однос на сеопфатно сексуално образование се работи за пилот проект кој ќе се спроведува во учебната 2021/2022 година во 4 основни училишта, при што наставната програма ќе биде понудена како изборен предмет за учениците во деветто одделение и тие ќе можат на доброволна основа и со потврдена согласност од страна на нивните родители, да учествуваат“.
Објаснуваат дека не било планирано бришење на термините родители/старатели мајка и татк, во новата концепција за основно образование и во новите наставни програми. Велат дека во документите кои биле јавно достапни, никаде не била дадена ваква насока, односно термините мајка и татко, остануваат како и досега.
Сметаат дека со планот за промени во основното образование значително ќе се унапреди квалитетот на наставата и оти учениците уште од најрана возраст ќе се насочуваат кон граѓански вредности поврзани со родовата еднаквост, инклузивноста, мултикултурализмот, грижа за животната средина.
Facebook Forum