Линкови за пристапност

Северна Македонија ги осудува постапките на Белорусија во мигрантската криза на границата со Полска


Полскиот претседател во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Скопје и понуди целосна поддршка на Варшава за надминување на ситуацијата.

Северна Македонија, како најнова членка на НАТО, ги осудува постапките на Белорусија во мигрантската криза на границата со Полска.

Скопје и понуди целосна поддршка на Варшава за надминување на ситуацијата. Пораката ја прати шефот на државата, Пендаровски, за време на посетата полскиот претседател, Анджеј Дуда, на земјава.

Како сојузници во НАТО, разменивме мислења и информации за актуелната состојба на полско-белоруската граница, при што на претседателот Дуда му ја изразив нашата целосна солидарност и поддршка за надминување на оваа ситуација. Потврдив дека за нас, како држава, се целосно неприфатливи постапките на раководството на Белорусија со кои се оркестрира оваа хуманитарна криза.
Пендаровски, претседател на Северна Македонија


„Како сојузници во НАТО, разменивме мислења и информации за актуелната состојба на полско-белоруската граница, при што на претседателот Дуда му ја изразив нашата целосна солидарност и поддршка за надминување на оваа ситуација. Потврдив дека за нас, како држава, се целосно неприфатливи постапките на раководството на Белорусија со кои се оркестрира оваа хуманитарна криза. Продолжуваме да ја разгледуваме ситуацијата во рамките на НАТО и повикуваме на итно запирање на сите активности насочени кон натамошна дестабилизација на ситуацијата на границата на нашите сојузници Полска, Литванија и Латвија.“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.

Според Дуда, станува збор за хибриден напад на Белорусија. Уверува дека границата, која е и источна граница на ЕУ и НАТО, ќе биде одбранета. Повика на разум кај властите во Минск.

Факт е дека во моментот се случува хибриден напад на границата на Полска која е и граница на НАТО, односно станува збор за Полска, Литванија и Латвија. Нападот е насочен кон полската граница која имаме должност да ја обезбедуваме и која е источна граница на ЕУ и НАТО.
Дуда, претседател на Полска


„Факт е дека во моментот се случува хибриден напад на границата на Полска која е и граница на НАТО, односно станува збор за Полска, Литванија и Латвија. Нападот е насочен кон полската граница која имаме должност да ја обезбедуваме и која е источна граница на ЕУ и НАТО. Секако дека ќе ја одбраниме територијата на ЕУ, НАТО и Полска од нелегалната миграција. Ситуацијата е многу тешка и тажна зашто мигрантите некој ги турка кон нашата граница. Се надеваме дека во наредниот период, со помош на ЕУ и НАТО, овој напад ќе биде запрен. Се надеваме дека овој напад ќе го запре и самата Белорусија. Ви благодарам претседателе за вашето разбирање, како и за поддршката во справувањето со ова тешко прашање.“, истакна Анджеј Дуда, претседател на Полска.

Полскиот претседател се надева дека новата влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција во однос на евроинтеграциите на Северна Македонија. Порача дека доколку Софија пак каже „не“, тој лично ќе се заложи за изготвување на документ-патоказ кој ќе помогне земјава полесно да се справи со ова прашање за влез во Унијата. Проценките на Пендаровски се дека се додека не се конституира новиот бугарски парламент треба да се биде претпазлив со изјавите кои доаѓаат од Софија. „Толку многу пати се изгоревме чекајќи од Софија да се дигне неразумната блокада што јас би почекал навистина да видам со кого конкретно утре, задутре ќе разговараме“, порача шефот на државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG