Линкови за пристапност

Со проверка на фактите против лажните вести


Со проверка на фактите против лажните вести
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Со проверка на фактите против лажните вести

Во Македонија има недостиг на стандарди во професионално известување и потребни се реформи за подобрување на состојбата со медиумите, коментираат експерти

Македонија во последните извештаи на меѓународните организации има пад на професионалното известување и наплив на лажни вести.

Хели Дејл, од Одделот за јавна дипломатија при Фондацијата Херитиџ коментира.

„Во Македонија и во многу земји од поранешниот источен блок има недостиг на стандарди и традиција на медиуми со објективно известување, што е карактеристично за Западна Европа, САД“, изјави Дејл.

Потреба е поголема едукација за новинарските стандарди со оглед на растечкиот тренд на лажните вести, смета Дејл.

„Потребно е реафирмирање кон стандардите. Двојни извори на информациите, проверка на фактите, сите оружја кои ги поразуваат лажните вести на најдобар начин“, коментира оваа експертка од Дејл.

И експертката за медиуми во ИРЕКС, Тара Сесман – Пења се осврна на состојбата со медиумите во Македонија со оглед дека ниско котира во неколку рангирања од меѓународни институции.

„Работите не одат во посакуваната насока, кога зборуваме за независните медиуми. Има пад на медиумите кои можат слободно и независно да известуваат. Потребно е инвестирање не само во професионалното известување, туку и едуцирање на јавноста, какви информации да бара, за какво новинарство да се залага“, изјави Пена.

Европските експерти предводени од Рајнхард Прибе повторно се во Македонија, по што треба да подготват детален извештај и препораки за реформи во правосудството, владеење на правото и медиумите.

Според најновиот извештај на „Репортери без граници“, Македонија бележи подобрување од неколку позиции, сепак се уште спаѓа во групата земји во кои медиумите се во тешка ситуација. Од 118-тото Македонија е рангирана на 111 место, но подобрената позиција не се должи на некакви реални и објективни подобрувања на состојбата, туку е резултат на севкупниот пад на слободата на медиумите во светот и напливот на феноменот со лажни вести.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG